Вчера во 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кочо Рацин“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(18), Ф.О.(53) и С.С.(31), сите од Скопје.
Според МВР направен е записник и констатиран прекршок според членот 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.