Затруените фудбалери на „Пелистер“ се пуштени дома

Вчера битолските фудбалери на пропатување низ Велес за Скопје ручале во угостителски објект во Велес и кај нив се јавиле здраствени проблеми како повраќање и стомачни тегоби.

230

Дванаесетте фудбалери на ФК „Пелистер“ од Битола, кои вчера попладне со здравствени проблеми повраќање и стомачни проблеми биле примени на Инфективното одделение на велешката болница, по укажаната лекарска помош и по опоравувањето, се пуштени дома вчера попладне во добра општа состојба, изјави за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница.

– По укажаната лекарска помош сите 12 фудбалери, по примената инфузијата и рехидрирани во добра општа состоја се пуштени дома со препорака за контрола да се јават во Клиничката болница во Битола – информира Андова.

Како што информираа дел од медиумите, вчера битолските фудбалери на пропатување низ Велес за Скопје ручале во угостителски објект во Велес и кај нив се јавиле здраствени проблеми како повраќање и стомачни тегоби. Тие веднаш биле однесени и примени на Инфективното одделение во велешката Општа болница, околу 13.30 часот. Таму фудбалерите биле хоспитализрани и ја добиле целата потребна здраствена помош и нега.

Поради хоспитализација на фудбалерите, ФФМ го одложила фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“ и ФК „Шкупи“, што требаше да се игра вчера попладне во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...