Рашковски: За случајот со радарите е разговарано на затворена седница, информациите се класифицирани

171

За случајот со радарите кои останале без сигнал во септември е разговарано на затворена владина седница, но информациите се класифицирани бидејќи станува збор за доказна постапка во Обвинителството. По носење на одлуките од страна на Обвинителството, информациите ќе бидат јавни, изјави денеска генералниот секретар на Владата, Драги Рашкковски на прес-конференцијата во Владата.

Прашан зошто инцидентот се случил во септември, а Владата за ова разговарала минатата недела, Рашковски појасни дека за ова е разговарано на првата владина седница по добивањето на извештајот за овој случај од страна на Комитетот за воздухопловни несреќи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...