Тамара Тодевска ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, на 27 јули во Охрид, се вели во нивното соопштение.
– Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па сѐ до извонредните настапи со „Proud“ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија – се наведува во соопштението.