Илјадници пожарникари, војници и членови на цивилната одбрана се уште се борат со огромни шумски пожари во северна Германија, во област што се користи за воени вежби.
Пожарот во Лубтен, околу 170 километри северозападно од Берлин, е најголем во историјата на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија.
Официјални лица изјавија дека околу 600 хектари шума и ниска вегетација зафатил пожарот.