За оргии на јахтите на Јадран девојките заработуваат до 3.500 евра, а кои им се клиенти

Во јахтинг-проституцијата на Јадранот уживаат богатите странци, домашните тајкуни, спортистите и припадниците на подземјето кои за дружење со овие дами издвојуваат и до илјада евра.

1826

Незаобиколниот дел од летната „туристичка понуда“ со години е проституцијата која се случува на јахтите во турските, хрватските и црногорските води, пишува српски „Блиц“.

Минатогодишното истражување покажува дека во Хрватска 6.700 жени се занимаваат со проституција, а редовните клиенти кои ги користат таквите услуги се помеѓу 75 и 110.000, но само мал дел од нив ги користат услугите на елитните дами од круговите кои спаѓаат во т.н. елитна проституција.

За тоа колку ваквиот бизнис е раширен, зборува и фактот што групи девојки од други земји во повеќе наврати го посетувале крајниот југ на хрватското крајбрежје за да „одработат“ неколку дена или недели, а потоа се враќале во своите домови.

А, што сè се случува не само по јахтите, туку кој сè се занимава, но и ги користи услугите на проститутките покажала и разоткриената афера на најголемиот ланец на елитна проституција во Хрватска која, иако беше затворена за јавноста, открила многу детали за работата и клиентите.

Во јахтинг-проституцијата на Јадранот уживаат богатите странци, домашните тајкуни, спортистите и припадниците на подземјето кои за дружење со овие дами издвојуваат и до илјада евра.

Србинките го продаваат телото и за брендирани чанти и накит
Девојките на Јадранот доаѓаат од сите краеви, не само од Хрватска туку и од соседните земји, а за девојките од Србија и Босна и Херцеговина владее голем интерес бидејќи тие го продаваат своето тело дури и за парче накит, луксузно парче облека или брендирана чанта. На „дивите“ забави, освен секс, се консумира и голема количина на алкохол и кокаин.

Исто така, бројни девојки од Хрватска ја работат истата работа на јахти во странство, под изговор дека работат манекенска работа, а всушност го продаваат своето тело. Тие се ангажирани од страна на агенции за “деловна придружба”, а најмалата дневна заработувачка изнесува 500 евра, открива “Телеграф”.

Како тоа изгледа во реалноста откриваат и анонимните исповеди на оние кои работеле на таквите јахти, повеќето од нив како персонал. Така, еден од членовите на персоналот неодамна открил дека на таквите забави има премногу дрога како кокаин, а таблетите „вијагра“ „се џвакаат како бонбони”.

– Сè на тие јахти се сведува на набавување дрога, набавување проститутки и малтретирање на екипажот со нивните барања. Но, не се жалам бидејќи само за едно лето заработив над 28.000 евра само во напојници – раскажал еден од членовите на екипажот кој работел на јахти во странство.

Во Кан се заработуваат и до 35.000 евра за една вечер
Најдобрата заработувачка е во Кан, каде проститутките заработуваат и до 35.000 евра за ноќ во текот на филмскиот фестивал, а гости се и бројните славни актери и великани од светот на филмот.

– Кога доаѓаат големи клиенти на јахтите, сите детали се договараат неколку дена претходно. Тие кажуваат колку девојки сакаат, потоа нè превезуваат со автомобили до нивните бродови и некогаш остануваме само една вечер, а некогаш пловиме на отворено море и до три-четири дена”, опишала една од елитните дами како изгледа нејзината работа. Како што се зборува, најскапите девојки можат да заработат и до 3.500 евра.

“Дочекувавме летонски и руски проститутки, а обично ги превезуваа до јахтите на пристаништата со „мерцедеси“. Потоа, богатите клиенти одбраа три жени за тој ден. Арапите се највеликодушни луѓе на светот, тие знаат да платат и до 35.000 евра само за една вечер. За нив парите се само хартија. На јахтите може да има и до 10 девојки, обично манекенки кои се голи или полуголи. Забавата се сведува на дрога, алкохол и секс со прекрасни жени. Девојките ги чекаат своите коверти на крајот од вечерта. Сексот не е толку страшен, обично трае пет минути. Малку стенкаш, воздивнуваш…  готов е за 5 минути – открила една руска елитна проститутка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...