На полицаецот обвинет за обљубување на девојче му се закануваат 12 години затвор

439

Доколку се утврди дека 13-годишното девојче своеволно имало сексуални односи со осомничениот полицаец во Србија, односно дека не е силувано, според сознанијата на „Курир.рс“, ќе се третира за кривично дело обљуба над дете. За тоа дело со закон може да се добие казна од пет до 12 години затвор.

Соседите на уапсениот биле поделени, едни сметаат дека полицаецот го местат, а други тврдат дека не им е чудно што тој бил во врска со дете.

– На тој човек постојано нешто му местат. Еднаш беше и суспендиран, па вратен во службата, веројатно било докажано дека не е виновен. И овде којзнае што е точно – рекол еден од соседите.

Четириесет и двегодишниот полицаец, татко на три малолетни деца, е уапсен поради сомнение дека од март до крајот на јуни повеќе пати го обљубил 13-годишното девојче, кое учело заедно со неговата ќерка. Уапсен е откако мајката на девојчето нашла пораки во мобилниот телефон на своето дете.

– Девојчето го носел со автомобил на скришни места, а потоа имал сексуални односи со него. Девојчето признало дека е во врска со осомничениот и дека редовно се гледале од март – рекол извор за медиумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...