Богојески до Владата: Не се правете поголеми католици од папата!

848

На ЕУ мора јасно да и се стави на знаење дека одлагањето на почетокот на преговорите во јуни, веќе предизвика одлагање на имплементацијата на Преспанскиот договор. И тоа по сила на самиот тој договор!!! Македонија е чесна држава и се држи до договореното, порачува реформаторот Петар Богојески во статус на Фејсбук кој го пренесуваме во продолжение.

„Одлагање на „Северна” за внатрешна употреба, или?!?

Во услови кога Владата си молчи за кажаното, за време на референдумот (што има логика, со оглед на екипата) и кога ВМРО ДПМНЕ си зема улога на Обвинителство и Суд (што има логика, со оглед на екипата), некој мора да биде и опозиција!

Јас скромно ќе се обидам да ја земам улога на опозиција (што има логика, со оглед на мојата политичката определба) и ќе прашам:

Дали Владата има намера да го почитува Преспанскиот договор и да го одложи процесот на негова имплементацијата, кој е поврзан со започнување на преговорите со ЕУ или нема намера?!?

Каде се „меѓународните гаранции” за Македонија?!?

Причината е самиот договор, во кој јасно стои дека, промената на користење на називите на институциите за домашна употреба ќе следува паралелно со отворањето на поглавјата за преговарање со ЕУ! На пример, кога ќе се отвори поглавје и ќе се преговара за образованието со ЕУ, тогаш институцијата ќе мора да биде преименувана итн.

Дополнително прашање:

Зошто Владата дозволи да се користи „Северна” во годинешниве сведителства, кога сме премногу далеку од таа обврска, а се во согласност со договорот од Преспа?!?

Тоа на пример би го направиле во период од 5 години, но после!!! отварање на поглавјето за образование, кое доаѓа после!!! отпочнување на пристапни преговори со ЕУ!!! И така за сите области понатаму…

Нели е тоа алатка во рацете на нашата Влада, со која ќе ги потсетат нашите европски партнери на дадените меѓународни гаранции, пред потпишувањето на договорот од Преспа?!? Нели е тоа шанса за Македонија да направи притисок на ЕУ, пред одлуката во септември/октомври?!?

Или ние ќе си седиме зачмаени во нашите меѓусебни кавги, додека возот за Македонија трајно заминува?!?

На ЕУ мора јасно да и се стави на знаење дека одлагањето на почетокот на преговорите во јуни, веќе предизвика одлагање на имплементацијата на Преспанскиот договор. И тоа по сила на самиот тој договор!!! Македонија е чесна држава и се држи до договореното! Самата имплементација на Преспанскиот договор, во еден свој дел, во однос на внатрешната примена на новите имиња и терминологија, мораме да ја одложиме до почетокот на преговорите во поглавјата со ЕУ.

Мислам дека никој не би сакал да се доведеме во ситуација во која поради тоа, поради неносење на одлука за преговори, се блокира целосната имплементација на Преспанскиот договор, затоа очекуваме позитивна и разумна одлука на ЕС на ЕУ, следниве месеци!!!

Евентуално недонесување на одлуката, секако негативно би влијаело врз овие процеси и би го пресекло процесот на натамошен развој на државата и имплементацијата на Преспанскиот договор!!!

„Во Договорот од Преспа постојат два вида на транзиција во промената на користење на називите, за меѓународна и за домашна употреба. Во делот на меѓународната употреба е јасно, дека таа започнува веднаш и трае пет години, таа е таа техничка транзиција. Политичката транзиција е врзана за внатрешната употреба на имињата и терминологиите и таа е врзана со временски рок од пет години од почетокот на секое поглавје, од областа на поглавјето. Да речеме за конкуренција, од почетокот на поглавје па пет години понатаму имаме време да си ги усогласиме сите термини во таа област со новото име и новите терминологии, така што часовникот почнува да отчукува пет години тогаш кога ќе се отвори определено поглавје. Затоа е во интерес и на нас и на Грција и на ЕУ да се отвораат поглавјата побрзо за да динамиката на спроведување биде поефикасна”, кажаа од Владата и „останаа живи”!?!

Пелин устата ми фати, зборувајќи за ова, во јавни настапи пред референдумот, ама кој да те слушне?!? Тогаш од големи патриоти, се пропушти шанса за здрела критика и паметни заклучоци за европската иднина на земјава!

Барем следново да го слушнете!!!

Кога Вие почитувани од Владата, правите скрининг извештаи, во кои треба сами да оцениме како држава, колку сме блиску до ЕУ принципите, не се залетувајте!!!, не се правете поголеми католици од Папата!!!, не се правете паметни, повеќе од колку што сте и напиштете помалку обврски за Македонија!!!

Зашто после некое време, врз основа на тие анализи, ќе се прави втората фаза на скрининг, каде што земјите членки ќе прашуваат и бараат одговори од нас и тек тогаш не ќе знаеме кој пат да го фатиме!!!

Сега ова последново го разбравте?!?
Или пак ќе се правите глуви, како за време на референдумот?!?

Ако продолжите вака, ќе ги отежните преговарачките позиции на Македонија и наместо после 10 години, во ЕУ ќе влеземе после 20!!! А тоа, зашто денес сте се правеле многу паметни!!!

Се слушаме?!? Се читаме?!?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...