Новинарот на индонезиската телевизија Си-ен-би-си, Тито Босна, чие име последниве неколку денови привлече внимание во земјите на поранешна Југославија, се огласи на Твитер и објасни како го добил своето име. Од Балканот веднаш пристигнаа прашањата: „Зарем навистина така се викате?“. Посебно внимание името на овој новинар привлече во Босна и Hерцеговина, каде за него објавија неколку медиуми.
Кога сараевската новинарка Ардуана Прибиња го твитнувала необичното име на индонезикиот телевизиски репортер, набрзо многумина се прашувале дали Тито го добил своето име по Јосип Броз Тито, се докажало дека е така.
На својот Инстаграм-профил новинарот одговорил и објаснил како дошло до тоа среде Индонезија тој да се вика – Тито Босна.
Тито Босна на Твитер прво објаснил дека неговото име е вистинско, а потоа открил како го добил.
Најпрво го приложил својот матичен извод, за да покаже дека не станува збор за измама, а потоа објаснил дека името му го дал татко му, кој многу го почитувал Јосип Броз, поради пријателството кое го негувал со индонезискиот претседател Сукарно.
„Мојот татко, кој ми го даде името, е голем обожавател на Јосип Броз Тито, најдобриот пријател на индонезискиот основач и првиот претседател на Сукарно – напишал тој.
„Татко ми ми го даде името со надеж дека ќе ѝ даде оптимизам на Босна и Херцеговина, која еднаш доживеа граѓанска војна во Југославија, земјата во која Тито некогаш беше премиер, а потоа и претседател“ – додал и им се заблагодарил на сите.
Луѓето не можеле да веруваат дека навистина го добил името Тито.
„Не е возможно“, коментирале луѓето.
Имало и онакви коментари во кои некои го нарекле херој и јунак и го повикале да ја посети Босна и Херцеговина.