По низата обвинувања, Рашковски ќе се обрати јавно за случајот со М-НАВ

1161

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска се очекува да се обрати на прес-конфренција за случајот со тендер за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ).

Вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања рече дека во Владата на последната седница се разговарало за инцидентот. Тој посочи дека се донесени соодветни заклучоци по кои треба да се постапува, но оти не може јавно да зборува бидејќи била затворена владина седница.

За овој сличај на руски мрежи се појави „бомба“, по што опозицијата веднаш бараше одговорност, а вчера и поднесоа кривична пријава барајќи Рашковски да добие притвор.

Повеќе на оваа тема:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...