Американскиот претседател Доналд Трамп вети „посебен“ Ден на независноста оваа година – на 4 Јули воени авиони и тенкови ќе учествуваат на парада во Вашингтон за националниот празник.
Трамп соопшти дека ќе има говор пред меморијалниот центар Линколн во главниот американскиот град по што предизвика критики, бидејќи Денот на независноста се смета за аполитичен ден.
Тој изјави дека ќе има прекин на таа традиција оваа година.
– Над нас ќе прелетуваат авиони, најдобрите воени авиони во светот и ќе има неколку тенкови – изјави тој.
Претходно, тој најави реализирање на идеја за воена парада во Вашинтопн на 4 Јули или на 11 ноември како на 14 јули во Париз. Подоцна се откажа поради цената за таков настан. Освен тоа, општинските власти не дадоа дозвола.
Најмалку два тенка веќе пристигнале во Вашингтон заедно со четири воени возила, јавија американски медиуми.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS