Тројца убиени при напад во автобус во Рокфорд

За сега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.

527

Три лица се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.

Напаѓачот сѐ уште не е уапсен, но полицијата соопшти дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“.

Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка.

За сега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.

Возачот на автобусот повикал полиција, а жртвите сѐ уште не се идентификувани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...