Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Овој голем празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебно почитување кај сите граѓани. Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит. Само ако сите заедно дадеме придонес во негувањето на универзалните човекови вредности, како толеранцијата, слободата, правдата и чесноста, ќе овозможиме спокоен и среќен живот за сите“, се вели во честитката.