Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат, каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески, праша на прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
– Дали некој намерно не се потпишувал, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада? Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија?Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека „Леонардо“ е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР – рече Костадинов и додаде дека сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Македонија.