Ирина на оригинален начин му порача на Бредли дека е – идиот! ФОТО

8781

По прекинувањето на врската со актерот и режисер Бредли Купер, светскиот топ-модел Ирина Шајк прошетала со чанта во рацете поради која сега многу обожаватели се убедени дека му порачала дека е – идиот.

Ирина носела чанта во облик на книгата „Идиот“ од Фјодор Михајлович Достоевски, на која најмногу се истакнувал токму насловот „Идиот“.

Фотографиите веднаш ги преплавија социјалните мрежи, а се развија и бројни теории дека Ирина таа чанта не ја одбрала случајно.

„Само идиот би раскинал со Ирина Шајк“, коментирале бројни обожаватели од кои многумина и понатаму за прекинот на славната двојка ја обвинуваат пејачката Леди Гага која со Купер се зближила на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“.

„Ирина Шајк му испрати порака на Купер со натписот на чантата“, тврдат пак, бројни светски медиуми.

Станува збор за чантата на „Olympia Le Tan“, чија цена изнесува 583 евра.

По прекинувањето на врската, Ирина се отселила од заедничкиот дом во Лос Анџелес па сега живее во Њујорк, каде е и снимена со интересната чанта, а двојката засега планира заеднички да ја одгледува нивната двегодишна ќерка Леа Де Сеин.

FOTO: Profimedia/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...