Спас во реката Луда Мара, жедни кучиња се качуваат по фонтани за да се напијат ладна вода, вака се разладуваат кавадарчани на жешките температури.
Земјоделци во пауза од земјоделските работи скокаат во блиските канали за наводнување, а демиркапијци ги имаат „топлите вирови”.
– Демир Капија како по обичај е на врвот на најтопли општини, после Гевгелија. Во 13 часот се измерени 32 степени целзиусови – потврди Македонка Танева од Метеоролошката станица Демир Капија.
Дел од тиквешани спас од жештините бараат и во базените во Кавадарци и Неготино, но и во приватните базени и во Тиквешко Езеро.