Откажани летови, доцнење на возови, хаос во Мумбај поради обилните дождови

107

Обилните дождови, кои денеска го погодија финансискиот центар на Индија, Мумбај, предизвикаа пад на компјутерската мрежа на железницата, одложување на летови од вториот најпрометен аеродром во земјата и направија хаос во сообраќајот на поплавените улици.

Поради потопувањето на шините, приградските возови доцнеа и по два часа, а некои меѓународни летови беа откажани.

Дожд во градот, во кој се сместени двете најголеми индиски берзи и седиштата на неколку големи компании, паѓа од синоќа, а според метеоролозите, врнежите може да траат и во следните 24 часа.

Иако Мумбај се обидува да се постави како главен глобален финансиски центар, многу делови од градот секоја година имаат големи проблеми да се изборат со монсунските дождови.

Во поплавите во 2005 година во Мумбај загинаа повеќе од 500 луѓе, најмногу во сиромашните населби, во кои живее половина од населението на овој повеќемилионски град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...