Спасовски: Случувањата со М-НАВ на затворена владина седница

1350

Не знам дали има каков било заклучок и задолжение, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан дали како потпретседател на Владата знае дали генералниот секретар Драги Рашковски бил задолжен да се вклучи во тендерот за системот М-НАВ и постои ли службена белешка за тоа.

– Знам дека на последната седница на Влада разговаравме во делот на извештајот за инцидентот што се случил во Македонската навигација.  Донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамки на тоа сите овие прашања треба да се расчистат и благовремено да се информираа – појасни Спасовски.

Тој додаде дека има одредени пропусти во институцијата, а тоа, информира, го разговарале на затворена владина седница и врз основа на тоа се донесени заклучоци за кои, рече, сега јавно не може да говори.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...