Полицаецот В.Ж. од Србија бил уапсен и одреден му е притвор до 30 дена поради сомнение дека обљубил 13-годишно девојче, другарче на неговиот син.
Наводно, тој од март до апсењето, користејќи ја незрелоста на девојчето, стапил во контакт, а потоа му правел недозволени полови работи.
Неофицијално, тоа што девојчето било блиско со неговиот син, бил начин како полицаецот можел да му се доближи, а потоа да воспостави контакт.
– Станува збор за маж во своите четириесетти години, кој и самиот е татко на три малолетни деца, од кои едното другарува со 13-годишното девојче кое било обљубено – рекол извор од истрагата за „Курир.рс“.
Полицаецот стекнал доверба кај девојчето, прво преку пораки на социјалните мрежи, а потоа и лично.
Наводно, во својот автомобил често го возел девојчето на скришни места.
Мајката открила што се случува откако забележала дека нејзиното девојче се однесува чудно. Меѓудругото, во неговиот мобилниот телефон пронашла необични и експлицитни пораки, па ги пријавила во полиција.
– Девојчето во својот исказ на истражните органи призна дека било во „емотивна“ врска со осомничениот, дека во него „практично се заљубило“, па не било присилено на сексуални односи. Пред да даде исказ, како што е предвидено со законот, со него разговараа стручни лица кои проценувале дали тоа е способно да даде исказ и да каже што се случувало помеѓу него и осомничениот. Уапсениот се бранеше со молчење – рекол извор на „Блиц“.
За да не биде попречена понатамошната истрага и да се заштити идентитетот на жртвата, детали не се соопштуваат.