ДКСК досега работи со полн капацитет, транспарентно, јавноста е запознаена со нејзината работа. Се покажа дека таа работи неселективно, а промените се почуствуваа уште начинот на избор на новиот состав. Таа треба да продолжи да работи неселективно, но да води сметка да ги сработи посериозните и посуштинските работи за борба против корупцијата и конфликтот на интереси. Исто така, потребно е да се доекипира и доопреми, со цел да може поефикасно да ја извршува улогата во општеството.
Ова се ставовите на дел од учесниците на денешната презентација на проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата“, кој ќе го спроведува Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“, во партнерство со Институт за човекови права, а со поддршка од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.
– Мислењето за Комисијата и внатре и надвор е многу позитивно. Секојдневно ги гледаме активностите на Антикорупциската комисија во делот за утврдување на конфликт на интереси така и во делот на она што значи детектирање и процесуирање на коруптивните да кажам можни дела, заради тоа што на крајот судот треба да ја донесе конерчната одлука – рече претседателката на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска.
Според неа, позитивно е што се работи транспарентно, што, како што рече, јавноста е запознаеана со секој сегмент од работата на Комисијата.
– Тие се сега пренатрупани со работа. Мислам дека ќе треба да се обрне внимание на посериозните предмети, не заради тоа што нешто не треба да се работи, се треба да се работи, не смее да има одредено селектирање, но предност треба да имаат побитните и посуштинските предмети поврзани со коруптивност и конфликт на интереси – рече Николовска.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска вели дека проектот ќе биде можност некој од надвор да им каже колку сме транспарентни, неселективни, бидејќи, како што рече, колку и да се самокритични друго е кога однадвор ќе им се укаже кои им се недостатоците.
– Добро е што овој проект е на почеток на нашата работа и добро ќе ја покаже разликата каде сме биле на почеток, каде ќе бидеме на крај од проектот, во кој дел ни е напредокот во работата, но до каде ни е и напредокот во справувањето со предизвиците со кои се соочуваме, а тоа се капацитетите, материјални и човечки – рече Ивановска.
Таа е задоволна од она што досега го сработила комисијата, бидејќи работела со полн капацитет, и немало ситуација во која можела нешто да направи, а не направила.
Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија, организација што ќе го врши мониторингот над ДКСК, истакна дека првиот квартален извештај ќе биде објавен во сетпрември, а ќе се однесува за период од јуни до август.
Монитирингот ќе се прави по нова методологија, произлезена од новите ингреренции на Комисијата согласно новиот Закон. Таа смета дека Комисијата треба да се доекипира и опреми за да може да ја извршува функцијата за субивање на корупцијата и конфликт на интереси во општеството.
Заменик амасадорот од британската Амбасада во Скопје Доминик Отвеј, смета дека борбата против корупцијата е битна за да се изгради демократско, безбедно и просперитетно оштество. Улогата на граѓанските организации, рече, е многу важна во насока да се обезбеди државните институции да работат во интерес на граѓаните. Промените во борбата против корупцијата, според него, се виделе уште на почеток со начинот на изборот на членовите на Комисијата.