Од завршувањето на серијата „Беверли хилс“ поминаа 19 години, а, како што е познато, набголемо се подготвуваат нови епизоди на ова остварување кое беше исклучително популарно во 90-тите години од минатиот век.
Додека обожавателите очекуваат што ќе се случи со возрасните верзии на популарните ликови, Шенон Доерти, која го игра ликот на Бренда Волш, објавила заедничка фотографија заедно со колегата Џејсон Пристли, кој го глумеше нејзиниот брат, Брендон Волш.
„И само така – близнаците се вратија“, напишала Шенон и објавила фотографија.
Освен нив во продолженијата ќе биде и останатата стара екипа, Џени Гарт, Јан Зеринг, Тори Спелинг, Брајан Остин Грин и Габриел Кертрис, но без Лук Пери, кој неодамна почина од последици од мозочен удар.
FOTO: Instagram/Printskrin