Во Галичник секој петок ќе има лекар и медицинска сестра

Досега, жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово, а од 5 јули тие ќе можат да добијат здравствена заштита и услуга поблиску до домот

101

Министерството за здравство соопшти дека Галичник од 5 јули ќе добие патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра.

Во наредните три месеци, до крајот на летната сезона, посочуваат од Министерството, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен Дом Ростуше, во периодот од 9 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста.

Досега, жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и Маврово, а од 5 јули тие ќе можат да добијат здравствена заштита и услуга поблиску до домот, наведуваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...