Седуммина загинати, меѓу кои и дете, во поплавите во Иркутската област

47

Седум лица загинаа, а девет се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија руската Иркутска област, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на регионалните служби за вонредни состојби.

Според агенцијата, меѓу загинатите има и едно дете, а 153 лица се префрлени во болница.

Силните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, во која се поплавени повеќе од 4.000 згради.

Рускиот претседател Владимир Путин, по враќањето од самитот на Г-20 во Осака, допатува во градот Братск во Иркутската област, каде што е прогласена вонредна состојба, поради поплавите.

Путин рече дека куќите, училиштата и болниците мора да бидат обновени во набрз можен рок, за луѓето да не ја дочекаат зимата на улица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...