Напаѓачот Гонзало Игуаин, голманите Роберт Грин и Едуардо Карваљо, како и дефанзивците Кајл Скот и Гери Кејхил го напуштија Челзи, објави официјалниот сајт на лондонскиот тим.
На сите им истекоа договорите со клубот.
Игуаин играше за Челзи во втората половина на сезоната 2018/19 на позајмица. Аргентинецот му припаѓа на Јувентус.
Грин ја заврши својата фудбалска кариера, додека Кејхил, Едуардо и Скот ќе бараат нови тимови.
ФОТО: EPA / JOSE SENA GOULAO