228 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, информира скопската полиција по контрола последниве три дена.
Од сообраќај се исклучени 219 возачи од кои: 115 возачи затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 88 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 16 возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 58 возила од кои 57 бидејќи не биле регистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 14 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 16 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.
Во текот на изминатите денови издадени се 142 мандатни платни налози и 108 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатите денови се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со телесни повреди.