Во Баку, Владата ќe нагласи дека е целосно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охрид

105

Делегација на Владата учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Делегацијата ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во неа се и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на сесијата на Комитетот,  делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот – Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.

Македонската делегација ќе оствари средби и со колеги од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.

– За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот Регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет, соопшти владината прес-служба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...