Полицијата со палки и солзавец се обидела да ги растера демонстрантите во Хонг Конг

Во пресметката на полицијата со демонстранти има повредени.

120
ФОТО: EPA / RITCHIE B. TONGO

Полицијата во Хонг Конг користела палки и солзавец за да ги растера демонстрантите да заземат делови од градот пред годишнината од предавањето на поранешната британска колонија на Кина.

Демонстрантите планираа да ја попречат годишната церемонија со подигнување на знаме, на која денеска присуствуваа високи претставници од Хонг Конг и Кина.

Неколку стотици претежно млади, маскирани, беа во првите редови на овој настан, што се смета за најголема ескалација од 12 јуни, кога 5.000 полицајци пукаа со гумени куршуми во текот на судирот.

Демонстрантите користеа метална количка за да пробијат низ прозорецот влез во зградата на законодавниот дом.

Во пресметката на полицијата со демонстранти има повредени.

Денеска е 22-годишнината од предавањето на Хонг Конг на Кина, а демонстрантите најавиа масовни собири за доцна попладнето.

Протестите се одржуваат на секоја годишнина од враќањето на Хонг Конг под власта на Кина, но оваа година со поголем број демонстранти поради незадоволство на граѓаните од владиниот предлог-закон, со кој овозможува екстрадиција на осомничени на Пекинг.

Во текот на претходните два протести, според проценката на организаторите, учествуваа повеќе од милион луѓе. 

ФОТО: EPA / RITCHIE B. TONGO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...