Економскиот советник на Белата куќа Лери Кадлоу изјави дека повторното отворање на трговските преговори на САД и Кина е голема работа, но дека засега нема изгледи за договор на двете најголеми економии во светот.
– Разговорите ќе се одвиваат подолго време – изјави Кадлоу за Фокс њуз.
Тој појасни дека САД и Кина во мај се договориле за 90 отсто спорни прашања, но разговорите потоа биле запрени.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг имаа состанок на самитот Г-20 во Јапонија и договорија преговорите да продолжат. Кадлоу изјави дека останатите 10 отсто спорни прашања најтешко се надминуваат во преговорите.