Израелската компанија Аеронаутикс објави денеска дека потпишала договор вреден осум милиони долари за продажба на својот напреден дрон „Орбитер 3″ во неименувана азиска земја.
Како дел од договорот, како што е наведено од страна на компанијата, e и специјален авион за транспорт на беспилотни летала, како и техничка поддршка и одржување на беспилотни летала.
Тактичкиот дрон Орбитер 3 УАВ е компактен лесен систем, со опсег од околу 150 километри, објави „Ерусалим пост“.
Беспилотното летало може да остане во воздух седум часа, а негова главна цел е собирање разузнавачки информации.
Дронот е целосно автономен систем што може да се склопи за неколку минути и да биде лансиран со катапулт, додека за слетување користи падобран и воздушни перничиња, се вели во соопштението на компанијата.Израел е водечки извозник на беспилотни летала.