Летен регионален универзитет во Струга

54

Зголемување на визибилитетот на францускиот јазик и неговото засилување во образовниот ситем на земјите од Балканот и ЈИЕ, е целта на  21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга.

Летниот регионален универзитет е во организација на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Францускиoт институт во Србија и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука  за професорите по и на француски јазик на Балканот и во Југоисточна Европа. Целта на Летниот универзитет е земјите учеснички на обуката да создадат поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.

Настанот предвидено е да го отвори амбасадорот на Франција во нашата земја Кристијан Тимоние, а со воведно  предавање на тема „Кога книжевноста го носи вкусот на патувањата“, ќе се обрати и Жан-Лик Коаталем, новинар, историчар, писател и гостин од Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...