Во Скопје викендот 19 сообраќајки, повредени 12 лица

36

На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои во девет има повредени лица, а во 10 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 12 лица од кои три потешко и девет полесно.

Сообраќајната полиција санкционирала 228 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 115 возачи кои биле пијани.

Од сообраќај се исклучени и 88 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 16 возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 57 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.

Издадени се 142 мандатни казни за непрописно паркирање, а 108 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло поминале девет возачи, а евидентирани се и 16 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За некористење заштитен шлем санционирани се 14 возачи на мотор, мопед и мотоцикл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...