Почнува со работа универзалниот снабдувач на струја ЕВН хоум

85

Домаќинствата од денеска ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија што и досега ги снабдува домаќинствата.

Како што објави во петекот Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), цената на струјата нема да се менува до 1 јули следната година.

ЕВН хоум е избрана за универзален снабдувач на домаќинствата согласно со обврските од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија на почетокот на годинава. Компанијата е снабдувач со струја за домаќинствата и малите потрошувачи кои не избрале снабдувач на отворениот пазар.

Единствена новина е што домаќинствата ќе добиваат сметки на кои ќе пишува ЕВН хоум. Потрошувачите нема да потпишуваат никакви нови или дополнителни договори за снабдување и понатаму ќе добиваат една фактура во која ќе биде вкалкулирано

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...