Пилот Мерцедес, Луис Хамилтон по освоеното петто место на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австрија се пожали на проблеми со прегревање на гумите.
Британецот и покрај тоа што не се искачи на подиумот е задоволен од своето издание.
– Не мислам дека трката заврши за нас навистина лошо. Го освоив петтото место и го подобрив бодовното салдо. Имавме сериозни проблеми со прегревање на гумите. Колку што знам, Ферари и Ред бул го немаа тој проблем. Токму гумите се причината што ја немавме посакуваната брзина – изјави Хамилтон.
Победник во Австрија беше Макс Верстапен од Ред бул, додека Хамилтон останува лидер во Генералниот поредок.
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ