Села му врати на Груби: Тој е како маже, добро е што не бев во Собрание

2742

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села му возврати на пратеникот на ДУИ Артан Груби. Тој во интервју за Алсат ја коментира изјавата на Груби од собраниска говорница , кога му порача на Села дека „изел ќотек бегајќи, оставајќи ги Заев и Талат“.

– Сакаше Господ, тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас го поминав Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место – рече Села.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...