Гласачките кутии во Албанија се затворија во 19 часот со што заврши гласањето за локалните избори. Според првичните информации излезноста е многу мала, односно гласале околу 20 отсто од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.
Изборите ги бојкотираше албанската опозиција. Премиерот Еди Рама пак најави прес конференција во 21 часот.
Фото: EPA/MALTON DIBRA