Иванишевиќ влезе во штабот на Ѓоковиќ

490

Горан Иваничевиќ веројатно ќе влезе во штабот на Новак Ѓоковиќ. Изненадувачки, денес Хрватот беше дел од тренингот на светскиот бр.1 на „Вимблдон“.

Според информации во српските медиуми, партнерството ќе биде за претстојниот турнир, но може да се претвори и во долгорочно.

Ѓоковиќ не ја потврдил информацијата, но сигурно ќе ја објасни ситуацијата утре, после натпреварот од првото коло против Филип Колшрајбер.

Долгогодишниот тренер на Новак, Маријан Вајда продолжува да работи со него. Тој исто така беше на денешниот тренинг со Иванишевиќ.

До пред неколку месеци, Горан беше тренер на Милош Раониќ. Пред тоа тој работеше со Марин Чилиќ, кој со негова помош стигна до најголемиот успех во кариерата – титулата на „Ју Ес Опен“ во 2014 година.

За одреден период, Иванишевиќ беше и во штабот на Томаш Бердих.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...