Дескоска едвај чека да го види законот за СЈО подготвен од ВМРО-ДПМНЕ

475

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО. По застојот на преговорите меѓу власта и опозицијата за судбината на СЈО, од ВМРО велат дека формирале тим што „подготвува целосно нов закон според европски стандарди“, пренесува „Алсат М“.

Министерката за правда Рената Дескоска, која раководи со работните групи меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за СЈО, за Алсат вели дека предлогот на опозицијата ќе се разгледа, но децидна е дека скриена амнестија нема да биде прифатена.

– Со нетрпение го очекуваме текстот на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го примиме, тогаш ќе се произнесеме. Доколку има исправки во текстот, секако дека ќе бидат прифатени. Доколку има скриена амнестија, нема да се прифати – изјави министерката за правда Дескоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...