Турската полиција ја растури парадата на гордоста во Истанбул ВИДЕО

2293

Со солзавец и полициски кучиња турската полиција ги растера активистите за поддршка на ЛГБТ правата кои денеска се собраа во Истанбул.

Како што пренесе „АП“, во центарот на градот излегле неколку стотици луѓе, извикувајќи слогани за геј правата и веејќи ги знамињата со боите на виножитото кои се заштитен знак на парадите.

Организаторите на истанбулскиот „Прајд“ објавија дека кабинетот на гувернерот на Истанбул го забранил маршот. Се наведува дека полицијата им дозволила на активистите да прочитаат кратко соопштение, а потоа веднаш ги растерале активистите.

„АП“ наведе дека на последниот „Прајд“ кој во Истанбул бил одржан во 2014 година, учествувале околу 100.000 лица. Турските власти петта година по ред забрануваат одржување на геј-парада во најголемиот град во земјата.

Фото: EPA/SEDAT SUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...