Уапсен и Ферати, единствениот недостапен по престрелката во Мала Речица

725

Полицијата го уапси Дритон Ферати, по кој се трагаше во врска со престрлката во Мала Речица, каде едно лице загина, а двајца беа повредени.

Извори од полицијата изјавија дека Д.Ф. е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка нему како и на останатите 11 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против 12-мината се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „убиство“, „убиство во обид“ и „соизвршителство“.

Ф.М., кој се здоби со тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување, поради што не може да ја издржува мерката притвор. Тој се опоравува на интензивното одделение по извршената операција на КАРИЛ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...