Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Велигденските празници ги поминува во Охрид. Тој вчера бил забележан низ охридската чаршија, видно расположен со сопругата Боркица, пишува еМагазин.
По завршувањето на празничниот продолжен викенд, Груевски ќе мора да се врати во Скопје бидејќи секој ден ќе треба да се појавува во Кривичниот суд во Скопје каде се закажани рочишта за предметите на СЈО во кои тој е обвинет.
Во вторник и среда треба да се одржат две рочишта за набавката на мерцедесот односно за предметот познат како „Тенк“, во четврток има судење за изборните измами и нерегуларност во случајот „Титаник“.
Повеќе фотографии од Груевски во Охрид – ТУКА.