Павлов без медал од Европските игри

78

Македонскиот каратист Емил Павлов заврши како трет во групата „Б“ во категоријата до 60 килограми на Европските игри во Минск и остана без шанса да се бори за медал на ова натпреварување.

Павлов забележа победа и две ремија, што не беше доволно за да стигне до полуфиналето и можност за борба за медал.

Нашиот каратист почна со реми против Италијанецот Анџело Крешенцо, а потоа не загуби и од Азербејџанецот Фирдовси Фарзалиев.

Во последниот меч Павлов го победи Белорусинот Иља Булатау но тоа не беше доволно за второ место кое обезбедува борба за одличја

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...