Во Македонија од утре топол бран

Како што информираат синоптичарите, од утре следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

561

Под влијание на топол бран следните три дена Македонија ќе ја зафати многу топло време, кога температурите на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Како што информираат синоптичарите, од утре следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Времето во земјава утре ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 , а дневната температура од 27 до 36 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...