Премиерот на Албанија Еди Рама на денешното гласање на локалните избори ја шокираше јавноста со нов моден стил. Тој на гласачкото место се упати облечен во сако со бела кошула која слободно паѓа, со марамче во реверот, а наместо пантолони носеше бермуди во комбинација со чорапи и чевли.
Инаку познато е дека Рама на официјални средби во Брисел оди облечен во костум со патики.