По Парадата на гордоста која вчера се одржа во Скопје, три лица од Албанија, две од Босна и Херцеговина и едсен тетовец биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата.
За да се спасат лицата се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало „ауди“ кое ги пресретнало кај плоштадот во Сарај. Возачот на „аудито“ ги навредувал и му се заканил на тетовецот коги и физички го нападнал. Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.