Претседателот на државата Стево Пендаровски се дружеше со деца од „Проект среќа“ во претседателската резиденција. Дружбата со децата, Пендаровски ја објави на својот Фејсбук профил.
– Одамна не сум поминала толку прекрасно попладне! На гости ни беа деца од Куманово, Скопје, Кавадарци.. . Се запознававме, јадевме пица, правевме оригами.
Дружењето ќе го повториме и со многу повеќе деца од Проект среќа!
Резиденцијата на претседателот од денес ќе биде отворена за дружење.
Им благодарам на Давид, Брајан, Стефанија, Бошко и другите деца, за сѐ што ни кажаа и покажаа, напиша Пендаровски.