Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, функционирањето на правната држава е најголем проблем за Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.
– Христијан Мицкоски, седнат во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, уште еднаш потврди кој е неговиот најголем проблем: функционирањето на правната држава и СЈО. Само тоа го мачи Христијан Мицкоски, несигурен е, не може да го одбрани криминалот на режмот, криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници. Несоодвета е било каква споредба на владеењето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој ја опустоши државата во изминатите 11 години со позитивните промени во сите сфери во последните 2 години. СДСМ и Зоран Заев за неполни две години ја кренаа земјата, економијата расте, од заробена држава станавме светол пример во регионот. ВМРО-ДПМНЕ созададе режим, ја оддалечи земјава од НАТО и ЕУ. СДСМ за две години обезбеди членство во НАТО, најпозитивен извештај од ЕК и чиста препорака – се наведува во соопштението.
Оттаму велат оти „како на меѓународен план така и на внатрешен, за 2 години е напревено повеќе отколку во изминатите 11 години“.
– Економијата на пример од назадување и -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ, за 2 години има раст од 4.1%. Платите се зголемија за 2 илјади денари а пензиите за над 800 денари. Рекордните износи на странски и инвестиции се забележани и во меѓународните извештаи. Напредокот е одлика на СДСМ, изолацијата и уназадувањето, криминалот и корупцијата е одлика на ВМРО-ДПМНЕ – се вели во соопштението.
Се додава дека „за да го забрза тој напредок СДСМ продолжи да се менува. Само во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата партија во која се уште шеф е Никола Груевски“.
– Затоа Мицкоски се плаши од промените, го чека нов пораз и покрај силењето за некакви предвремени избори кое е само за внатрешна употреба, загрижен за својата партиска позиција. Мицкоски исто вака се силеше и пред пред минатите избори, па ги загуби. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски загубија на претседателските избори а загубија и на предвремните локални избори во Охрид и Ново Село. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се спремат за нов пораз на следните избори. Северна Македонија продолжува напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат назад – стои во соопштението.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI