Мбапе нема уште долго да остане во ПСЖ

197
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Напаѓачот Килијан Мбапе даде јасен сигнал дека нема уште долго да игра за шампионот на Франција – Пари Сен-Жермен.

Репрезентативецот на Франција премина кај Парижаните пред две години од Монако, а за две сезони постигна 60 гола во 87 натпревари.

Мбапе на крајот од сезоната индиректно откри дека не се чувствува среќен на „Парк де Пренс“, а неговата иднина се поврзува со трансфер во шпански Реал Мадрид.

Сепак шпанските медиуми тврдат дека ова лето овој трансфер кај „кралскиот клуб“ не може да се случи, но идното Реал ќе ја исфорсира трансакцијата, без разлика колку пари ќе сака ПСЖ.

Претседателот на „светците“, Насер Ал-Хелаифи се довери пред неколку дена дека Мбапе не се продава и тој ќе ги исполни преостанатите три години од неговиот договор со клубот.

ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...