Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис утрово имал незгода, ја скршил бутната коска и ќе биде опериран.
Според информативниот портал Сигма од Кипар, со фрактурата се здобил по пад по скали и бил пренесен во приватна болница.
За незгодата на Анастасиадис, со пишана изјава излезе портпаролот на кипарската влада.
– Претседателот на државата, господинот Никос Анастасиадис денеска имаше незгода во Лимасол, претрпе фрактура на десното бедро и денеска ќе биде опериран. Неговата здравствена состојба не е во опасност – вели во писмената изјава кипарскиот владин портпарол Продромос Продрому.
Според Сигма, Анастасиадис нема да присуствува на утрешниот вонреден Самит на ЕУ, а Кипар ќе го претставува грчкиот претседател Алексис Ципрас.
ФОТО: МИА