Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 01 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча, пренесува „Сител“.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.7, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени, Битола и околината со интензитет од III, според Европската макросеизмичка скала. Во останатиот дел на Македонија земјотресот беше почувствуван со интензитет II степени од истата скала.