Андоновски од ЛГБТ: Никој не е слободен додека сите не се ослободат

630
ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Веруваме во општество кое е еднакво, кое дава шанса за секој еден, ЛГБТИ заеднициата постои и таа е тука помеѓу нас и сите ние заедно ако не си го признаеме тоа и ако не си го покажеме вака видливо, губиме  голем потенцијал во државата, а тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме се до моментот додека секој од нас неможе слободно да љуби и тоа јавно да го покаже, порача денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во нејзиното обраќање на првата Парада на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе.

– Сите ние денеска покажавме дека сме видливи и дека во нашата држава можеме сите оние кои со години беа невидливи и дискриминирани, денеска заеднички да ги поддржиме и да си ветиме дека никогаш нема да се повтори насилство во нашата држава – истакна Царовска.

В.Д. амбасадорката на САД во нашата земја, Микаела Швајцер-Блум рече дека голема делегација од американската амбасада учествува на Парадатат и дека со тоа ја слават 50. годишнина од немирите од Стоунвол што покренаа едно глобално движење.

– Оваа година Скопје се приклучува на повеќе од 70 земји во славење на ЛГБТ гордоста. САД се многу горди што се дел од овој настан. Во Северна Македонија има голем напредок во признавање на ЛГБТ заедницата, но се уште има многу работа. Луѓето треба да се потсетат дека дискриминацијата никому не помага и ние сме тука како претставници од амбасадата и владата на САД со цел да се направи уште поголем напредок по овие прашања во Северна Македонија – потенцира Швајцер-Блум.

На Парадата се обрати и пратеничката Маја Морачанин од Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата  која порача дека нашето општество се движи во позитивна насока во духот на европските вредности на почитување на човековите права и слободи, на солидарност на еднакви можности за сите и толеранција на различностите.

Кочо Андоновски од организацискиот одбор од ЛГБТ, рече дека овој настан денеска е резултат на претходните години кога, како што рече, транс луѓето беа жртви на најгрозоморни напади, кога им се загрозува правото на здравје, на живот и образование.

– Ние сме тука затоа што тој говор на омраза не е адресиран, нуту е казнет и се уште не е разрешено насилството врз ЛГБТ центарот. Денес сме тука затоа што Министерството за труд и социјална политика  првпат ги покрива скоро половина од трошоците за ЛГБТ, тоа е засолниште за најранливите во нашата заедница. Денес сме тука затоа што Град Скопје препозна  дека на нашата заедница и треба безбеден простор да го развива своето изразуцвање. Денес сме тука заради сите вас, заради вашата одважност што дојдовте тука – истакна Андоновски и порача дека „никој не е слободен додека сите не се ослободат“.

Новинарот Борјан Јовановски рече дека очекува парадата да помине во најдобар ред како што му доликува на цивилизирано општество. Смета дека треба да се подобрат некои работи и една голема задница која живее во држвава да биде помалку дикриминирана.

– Ова што овие луѓе од ЛГБТ заедницата се охрабрија да излезат масовно, треба да се искористи и на тоа да се надоврзат сите други малцински групи кои се чуствуваат дискриминирани.  Општество кое претендира да биде демократско и цивилизирано, не смее да дозволи ниту една малцинска група ниту било кој индивидуалец, да се чувствува дискриминирано – додаде Јовановски.

На парадата присуствуваа голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржа под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот имаше не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ запшочна од пред Порта Македонија и заврши по Градскиот парк кај „Школка“.

Паралелно, со Парадата на гордоста, во Скопје се одржа и граѓанско-верски собир „Сведоштво за семејството“ кој е насочен кон заштита на брачните, семејните и верските вредности.

ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...